Вандалите на дело: Откорнати новозасадени дрвја во училиштен двор во Карпош

Вандалски чин со искорнување на новозасадените дрвја се случил во дворот на Основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во скопската општина Карпош. Општинските власти информираат дека дрвјата се посадени оваа недела во рамките на акцијата за пролетното зазеленување на повеќе локации.

-Веравечер непријатно бевме изненадени од вандалскиот чин на непознати сторители кои буквално ги  откорнале ново засадените дрвја кои беа насадени во ова училиште. Станува збор за неколку млади садници кои требаше оваа пролет да ја  освежат и разубават училишната околина во која престојуваат основците од ова училиште, се наведува во соопштението.

Општина Карпош го осудува девијантното однесување на несовесните граѓани и во оваа прилика, апелира до сите жители на Карпош и пошироко, да се грижат за здравата животна средина.

Со акцијата предвидено е засадување на вкупно 200 листопадни и зимзелени дрвја и тоа: црвен јавор, каталпеа, зелен јавор,фотинија дрвја, туја пликата, црвена слива, цветен пепел, црвен костен, црвена гума (ликвдамбар), и јапонска цветна цреша. Од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 1.500.000 денари за целата година, а кои се наменети за набавка на афтохтони и алохтони висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, додека пак за пролетното садење, Општината издови средства во висина од 500.000 денари.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ продолжуваат со разговорите за нова влада, Меџити најавува парламентарно мнозинство од над 75 пратеници
Следна вестБи ги одзел ропскиот менталитет кој е во умот и духот на луѓето преку полтронството, малодушноста…