ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ продолжуваат со разговорите за нова влада, Меџити најавува парламентарно мнозинство од над 75 пратеници

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје денеска ќе се одржи состанок на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „Вреди“ за формирање на новата влада. На денешниот прв состанок треба да се дефинираат динамиката и методологијата на работа и усогласување на програмата на идната влада.

Во тимот на ВМРО-ДПМНЕ се Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриевска Кочовска и Тимчо Муцунски. Во тимот на коалицијата Вреди се Азир Алиу од Алијанса на Арбен Таравари, Висар Ганиу од Демократско движење, Аднан Азизи од Беса и Башким Муртези од Алтернатива.

Два дена по завршување на изборите, на првата средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со лидерите на Вреди Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши во седиштето на албанската коалиција во скопската чаршија биле договорени општите начела на соработка за идната влада: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити вчера изјави дека преговорите сѐ уште не стигнале до распределбата на ресори и дека „Вреди“ не влегува во владата за да има минимално учество.

–Повеќе фокусот нема да биде во функциите туку во реализција на програма, реализација на идеи, тоа да го чувствуваат граѓаните. Донесувањето на уставните измени и оваа прашање останува топ приоритет. Оваа влада ќе биде стабилна и ќе има над 75 и 80 пратеници. Кај Албанците нема дилема во однос на уставните измени, но без македонската заедница, без тоа да го определи и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 58 пратеници, тоа не може да се тера само со наша добра волја. Ние цениме дека треба да придонесеме во оваа насока. Ние сме да се донесат уставните промени. ВМРО-ДПМНЕ истото го има во програмата, но тие се плашат дека и ако ова се апсолвира ќе се испадне нешто друго. Бараат гаранции да не испадне нешто после тоа. Со меѓународната заедница заедно ќе работиме да добиеме нови гаранции и да нема нови услови, но остануваат топ приоритет за што влегуваме во оваа влада која е европски ориентирана, рече Меџити.

Претходна вест11 мигранти од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција
Следна вестВандалите на дело: Откорнати новозасадени дрвја во училиштен двор во Карпош