Ванковска ја кажа својата формула за настап во кампањата: Битка каква не сте виделе…

Уште еден ден и почнува изборната кампања за претседател на Македонија. Пред малку беше потпишан и Кодексот за фер и демократски избори. Какви ќе им бидат кампањите на седумте кандидати за шеф на државата ќе видиме наскоро.

Професорката Билјана Ванковска која е кандидат за претседател на Македонија подржана од „Левица“ преку Фејсбук само што ја најави својата формула за настап. Напишаното го пренесуваме во целост:

-Колку што гледам наоколу лицемерие, расфрлање со пари за кампања во една од најсиромашните земји во Европа, таква желба за моќ и отсуство на скрупули и морал, толку ми расте решителноста. Ќе засукам ракави и започнам со битка каква што не сте виделе досега.

Формулата ми е едноставна:

АВТЕНТИЧНОСТ (таа сум што сум, без пренемагање, силење, правење паметна) и

ЗДРАВ РАЗУМ (кажување на она што сите го знаат ама им е страв да го кажат).

Немаме пари, ама имаме срце, храброст и љубов за ова македонско парче земја!

Во борба!, напиша Ванковска.

Претходна вестСиноќа опожарен „Голф“ во Струга
Следна вестЈакимовски објасни зошто не го потпиша Кодексот за фер избори