Ванковска: Ќе се помачиме во оваа фаза, ама ќе успееме да собереме потписи

Утрово започна собирањето на потписи за кандидати за претседател на Македонија. Целиот процес ќе трае до 8 март како што предвиде Државната изборна комисија.

Еден од кандидатите кој ќе собира потписи е и познатата професорка Билјана Ванковска која заедно со „Левица“ ќе излезе на изборниот мегдан. Таа пред малку преку Фејсбук истакна дека ќе чекорат кон канцелариите на ДИК и ќе успеат во собирањето потписи.

-Убаво утро за убав почеток! Некој ќе ГРМИ, некој ќе ЗНАЕ, некои ќе одат со друг чекор … Но, ние ќе чекориме во духот на Мајаковски: ЛЕВА, ЛЕВА, ЛЕВА … кон канцелариите на ДИК. Ние немаме машинерија и никогаш нема да бидеме еднакви со оние што со борговски капацитет и машинерии ќе глумат народ и за 4 часа ќе соберат потписи. Ќе се помачиме во оваа фаза, ама ќе успееме. За кого? Ако не за МАКЕДОНИЈА! Нека ни е среќен и лесен патот. Да си ја вратиме татковината!, напиша професорката.

За потсетување, кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Претходна вестВечерва ќе биде отворена изложбата „Дома пред да се стемни“ на Софија Чотирбок
Следна вестВо еден ден казнети 201 возач – се возело и над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина