Во еден ден казнети 201 возач – се возело и над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина

Контролите продолжуваат, ама и несовесните возачи не се откажуваат – само вчера се напишани дури 201 казна.

Во текот на вчерашниот ден (22.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Претходна вестВанковска: Ќе се помачиме во оваа фаза, ама ќе успееме да собереме потписи
Следна вестРистовски триумфот над Бетис и го посвети на покојната мајка: „Среќен роденден мамо“