Ристовски триумфот над Бетис и го посвети на покојната мајка: „Среќен роденден мамо“

Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски со солзи во очите го заврши вчерашниот натпревар во кој Динамо Загреб во кој Ристовски настапува го елиминира шпански Бетис и се пласира во осминафиналето на Лигата на конференции.

Тој го напушти тревникот на Максимир со маицата со натпис: „Среќен роденден мамо“. Со емотивниот гест Ристовски го одбележа роденденот на својата мајка, која почина на крајот од минатата година по долго и тешко боледување.

Фотографијата ја објави клубот на социјалните мрежи со реченицата: „Таа е најгорда! Како нас“!

Претходна вестВо еден ден казнети 201 возач – се возело и над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина
Следна вестНеопходно е што поскоро да се стави крај на прекубројните градби и гушење на Скопје