Денес, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, оствари средба со жителите во Демир Хисар. На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 5 од Левица, генералниот секретар Јована Мојсоска.
-Исчезнуваме во бермудскиот триаголник на трите договори, охридскиот, бугарскиот и преспанскиот. Да излеземе од него и да станеме вистинска држава. Да си ги вратиме името и народниот суверенитет. Јас имам визија за Македонија како независна држава и алка во мултиполарниот свет во кој што белите мугри се раѓаат на исток, истакна Билјана Ванковска.
Носителот на листа во ИЕ5, Јована Мојсоска на средбата истакна дека проф. Ванковска е единствен кандидат кој не нуди безалтернативност, туку нуди визија за Македонија како рамноправна членка во новиот мултиполарен свет. Мојсоска дополни дека единствено кандидатот на Левица не молчи пред великоалбанските и великобугарските изблици и дека за прв пат, Македонецот на овие избори има АЛТЕРНАТИВА!