Во сообраќајка на автопатот Велес – Скопје загина маж, тројца се повредени

Полицијата извести дека вчера во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „рено меган“ управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ управувано од З.Д.(57) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.

Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Претходна вестВанковска од Демир Хисар: Белите мугри се раѓаат на Исток
Следна вестЛетечките такси возила би можеле да полетаат за две години