Ванковска од Демир Хисар: Белите мугри се раѓаат на Исток

Денес, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, оствари средба со жителите во Демир Хисар. На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 5 од Левица, генералниот секретар Јована Мојсоска.

-Исчезнуваме во бермудскиот триаголник на трите договори, охридскиот, бугарскиот и преспанскиот. Да излеземе од него и да станеме вистинска држава. Да си ги вратиме името и народниот суверенитет. Јас имам визија за Македонија како независна држава и алка во мултиполарниот свет во кој што белите мугри се раѓаат на исток, истакна Билјана Ванковска.

Носителот на листа во ИЕ5, Јована Мојсоска на средбата истакна дека проф. Ванковска е единствен кандидат кој не нуди безалтернативност, туку нуди визија за Македонија како рамноправна членка во новиот мултиполарен свет. Мојсоска дополни дека единствено кандидатот на Левица не молчи пред великоалбанските и великобугарските изблици и дека за прв пат, Македонецот на овие избори има АЛТЕРНАТИВА!

Претходна вест2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија
Следна вестВо сообраќајка на автопатот Велес – Скопје загина маж, тројца се повредени