Ванковска: Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на партијата Левица, ја продолжи својата изборна кампања во Тетово, каде што огромен број на граѓани беа присутни да ги слушнат нејзините пораки.

Професорката Ванковска порача: „Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние имаме визија за поинаква Македонија и тоа не е бајка ниту утопија! Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан!“

Таа додаде:

-Ние сакаме да живееме како секој друг народ и мислам дека е крајно време да се смени нешто! Треба да си ја вратиме самодовербата и како што вели и мојот слоган, треба да го вратиме достоинството на народот!

Инаку, на митингот освен Ванковска, беа присутни и претседателот на партијата Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ6, Игор Димески.

Претседателот Апасиев во своето обраќање пред тетовчани порача дека е „време да се стави крај на диузацијата и албанизацијата на Македонија за која најмногу се виновни македонските политички елити кои измеќаруваат на УЧК.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Фуркан Салиу сам призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните
Следна вестМицкоски: Ковачевски на тацна му ја подари државата на Ахмети, 100 души од ДУИ одлучуваат за 2 милиони народ