ВМРО-ДПМНЕ: Фуркан Салиу сам призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните

Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“. Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата? Што е различно во овој случај?, прашува денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу.

-Тој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните. Зошто СДС е засегната партија во овој случај? Дали СДС заговара непочитување на законите? Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДС. Македонија според „Економист“ е хибриден режим се уште, со загрозени права и слободи. Ова е она на што треба СДС да се посвети, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестБруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, велат од СДСМ
Следна вестВанковска: Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан