Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, велат од СДСМ

-Во ДПМНЕ нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, што се потврди со бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ, велат од СДСМ.

-На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски. Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.

За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.

ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила.

Одговорност за овој недемократски чин мора да има, заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине, соопшти СДСМ.

Претходна вестРакометарките убедливо ја совладаа Литванија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Фуркан Салиу сам призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните