Фаворитите сигурни во македонското првенство, а најголемата победа ја запиша Силекс кој го декласира Вардар со 6:0.
Дуелот на двата поранешни шампиони немаше воопшто неизвесност, бидејќи домаќините од самиот старт дојдоа во водство. Интересно е што шесте голово за Кратовци ги постигнаа двајца фудбалери, односно „хет-трик“ остварија Денис Ристов и Пепи Ѓорѓиев.
Шкендија со 3-0 ја победи Ренова, Ибраими, Вандерсон Силва и Елези ги постигнаа головите и го доближија тимот од Тетово до титулата.
Останати резултати:
Борец – Струга 0-1
Беласица – Македонија Ѓ.П 0-2
Академија Пандев – Шкупи 0-1