Темен режим Режим на светлина

Словенија го укина полицискиот час, се отвораат училиштата

Во Словенија од денеска се олеснуваат епидемиолошките мерки, а се укинува и шестмесечниот полициски час и се отвораат училиштата.

Часовите ќе започнат повторно во основните училишта, додека во средните училишта ќе се воведе алтернативен модел според кој групите средношколци кои доаѓаат на училиште ќе се менуваат еднаш неделно со оние што слушале часови дома.

Факултетите и средните училишта, сепак, ќе имаат нешто построг режим на настава со помали групи до 10 студенти односно ученици.

Повторно ќе бидат отворени продавниците и културните институции, а ќе биде укината и забраната за спортски активности со најмногу 10 лица.

Носењето заштитни маски во затворен простор останува задолжително, но носењето маски на отворено е укинато, мерка што беше многу непопуларна во Словенија за време на полицискиот час.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и бедно, во викенд кога умреа 78 лица од ковид, Филипче и Заев се возикаа со мотори

Следна објава

Вардар декласиран во Кратово