Ракометниот клуб Вардар доживеа пораз кај Војводина со 33-24 во рамки на последното коло од групната фаза во СЕХА-лигата и во елиминациската фаза ќе избегне соочување со фаворитот за титулата Веспрем.
Најдобар кај Вардар беше Дибиров со девет гола, пред Калараш со седум и Јотиќ со четири, додека кај Војводина, Томиќ постигна седум гола, Шотиќ даде шест, а голманот Арсениќ беше феноменален и запиша 18 одбрани.
Првата средба на Вардар во нокаут-рундата, односно осминафиналето, ќе му биде најверојатно против Металопластика, а потоа со победникот од групата А и тоа најверојатно ќе биде тимот на ППД Загреб.