Вардар обезбеди домашни засилувања за следната сезона

Актуелниот македонски шампион и поранешен двоен европски шампион, екипата на Вардар, без разлика што сезоната се уште е во првата фаза веќе обезбеди две засилувања за следното лето и тоа од домашното првенство.

Станува збор за Томислав Јагуриновски, кој се враќа во добро позната средина со оглед што беше дел од црвено-црните во сезоната 2020/21, по што изнесен период мина на Исланд па се пресели во дресот на скопски Пролет. Од оваа екипа е и второто ново засилување за вардарци почнувајќи од идната сезона и тоа Михаил Аларов.

– Со ова го зголемуваме бројот на македонски репрезентативци, а плановите на клубот околу засилувањата не застануваат тука. Двајцата ракометари и покрај другите клубови решија да му се приклучат на Вардар, кој е препознатлив спортски бренд во светот, свесни за големината на најдобриот македонски клуб, велат од таборот на Вардар.

Претходна вестАнкета на МЦМС: 62 отсто од граѓаните не оправдуваат развод, околу 90 отсто не сакаат соседи зависници од дрога, алкохол…
Следна вестУправителот на „Беса транс“ не се чувства виновен што автобусот што изгоре во Бугарија 20 пати излегувал од земјава со фалсификувана лиценца