Управителот на „Беса транс“ не се чувства виновен што автобусот што изгоре во Бугарија 20 пати излегувал од земјава со фалсификувана лиценца

„Не се чувствувам виновен“, одговорот е што на почетокот на денешното судење го даде Беким Хаџиу, управител на „Беса транс“ обвинет за фалсификување на лиценца со која автобусот кој изгорел во Бугарија нелегално излегувал од земјата. Освен Хаџиу, обвинета е и компанијата како правно лице за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај за автобусот со кој во ноември лани во несреќа во Бугарија загинаа 45 лица.

Претходно беше опишан обвинителен предлог во кој е наведено дека Хаџиу преку возачите што го управувале автобусот употребувал извод за лиценца која воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски. Со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај автобусот лани во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември, кажа обвинителот, 20 пати излегол од државата. Автобусот што изгоре во несреќата лани најмногу или 10 пати поминал на „Деве Баир“ и возел на релација од Скопје кон Истанбул. Девет пати ја излегол од државата преку преминот „Блаце“ и најчесто возел од Скопје кон Призрен или Драч, а еднаш автобусот поминал и на преминот „Ќафасан“.

И претставник на Мини на Министерството за транспорт врски потрди дека „Беса транс“ имала лиценца за пет автобуси, но помеѓу нив не е автобусот од несреќата.

Претходна вестВардар обезбеди домашни засилувања за следната сезона
Следна вестКовачевски: Левица и Апасиев се најголемата опасност, го држат во заложништво и Мицкоски