Ваучерите за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела

Сите граѓани што ги исполнуваат условите, во текот на наредната недела ќе ги добијат ваучерите за домашен туризам и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4.000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела, рече Бектеши.

Ваучерите за домашен туризам ќе можат да се користат до крајот на годинава.

Иако за неколку дена веќе е август, Бектеши смета оти не се доцни со ваучерите за домашен туризам и порача дека тие се даваат во континуитет.

-Имајќи ги предвид капацитетите што ги имаат одредени наши региони веќе се издадени над 1.200 ваучери и се користат во моментов. Дополнително, во текот на наредната недела ќе бидат издадени уште околу 3.000 ваучери со што вкупната бројка ќе надмине 4.000 ваучери, прецизира Бектеши.

Претходна вестВучиќ и Рама утре во Скопје на економски форум од „Мал Шенген“
Следна вестРазбиена добро организирана група која продавала дрога и оружје, меѓу уапсените има и полицаец