Вучиќ и Рама утре во Скопје на економски форум од „Мал Шенген“

Утре во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој ќе присуствуваат премиерите Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама.  На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“.

На утрешниот форум, според најавите од Владата, ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес да бидат дел од овој Форум.

Програмата на Форумот опфаќа обраќања на лидерите на трите земји организатори на настанот, кои потоа ќе учествуваат на економскиот панел на кој за новата иницијатива и за непосредните придобивки од неа ќе разменат мислења претставниците на деловните заедници од Албанија, Србија и Македонија.

На посебен церемонијален дел од програмата на Форумот, ќе бидат потпишани два меморандуми за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата.

Економскиот форум ќе заврши со прес-конференција на лидерите на кои ќе бидат соопштени придобивките од Форумот, како и плановите за идните иницијативи.

Претходна вестШумски пожар кај Анталија, хотелите се без вода и струја, во тек е евакуација
Следна вестВаучерите за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела