Вчера 1.000, денеска 1.300 нови заразени и 24 починати, а нови мерки нема

Во последните 24 часа, 24 лица починаа во земјава како последица од ковид, додека бројката на новозаразени скокна на 1.300, за разлика од вчерашните 999.

Починатите се на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

Новозаразените 1.293 лица се регистрирани од направени 4.094 тестирања. Половина од овие случаи се во Скопје– 626, Прилеп – 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип – 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115 222, бројката на оздравени пациенти е 99 015, на починати е 3 388, а бројот на активни случаи изнесува 12 819, од кои половината се во Скопје.

И покрај ваквите загрижувачки бројки, министерот за здравство Венко Филипче и епидемиологот Жарко Караџовски на денешната прес-конференција рекоа дека засега не се потребни нови рестрикции, бидејќи ситуацијата е под контрола.

Претходна вестОпштина Центар ги отстапи службените коли на полициската станица
Следна вестУметничкото училиште во Скопје стана кластер на ковид