Полициската истрага и обдукцијата треба да покаже што е причината за смртта на две бебиња во Скопје и во Неготино забележана во текот на вчерашниот ден. СВР Велес денеска соопшти дека родители вчера однеле починато бебе во неготинската Итна медицинска помош.
– Вчера во девет часот во ОВР Неготино, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив, од родителите, било донесено неколкумесечно бебе без знаци на живот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, се појаснува во соопштението.
По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција која треба да открие од што починало бебето.
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во импровизирана куќичка на подрачје на Гази Баба констатирале смрт без траги на насилство кај неколкумесечно бебе. И во овој случај бил извршен увид.