Вчера на секој час казнувани по 27 возачи кои возеле пребрзо

Вкупно 646 возачи вчера биле казнети од страна на полицијата на подрачјето на Македонија поради пребрзото возење. МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден спровело акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената…

-При ова, санкционирани се 646 возачи. Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.

Претходна вестНепречен сообраќај по влажни коловози
Следна вестБранови високи и до 35 метри: Место каде што не сакате да стоите премногу блиску до брегот