Вчерашното невреме откорна десетина дрвја, „настрадаа“ два автомобила во Центар

„Паркови и зеленило“ имало 10-тина интервенции во Скопје и скопско откако вчера беа зафатени од краткотрајно силно невреме.

Но, оттаму велат дека бројот на паднати дрва е многу поголем.

-Од синоќешното краткотрајно невреме паднаа 10-на дрвја кои беа расчистени од нашите екипи на терен.Но за жал бројот на паднати дрвја е многу поголем. Утрово се уште примаме пријави од екипите на терен низ скопските подрачја, како и од граѓаните, велат од претпријатието.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на Фејсбук објави дека од невремето паднало дрво во центарот на Скопје при што оштетило две паркирани возила.

Од Град Скопје информираа дека краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети – прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром, прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби, десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

Доколку забележите паднато дрво или гранки испратете фотографија и адреса на [email protected] или директна порака на Фејсбук профилот на ЈП „Паркови и зеленило“.

Претходна вестИ денеска околу илјада новозаразени за 24 часа, 10 отсто од нив се вакцинирани
Следна вестВодно на чекор од заштитено подрачје од петта категорија – што значи тоа?