Јулија Навална, вдовица на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, ги повика Русите да се приклучат на протестот на 17 март, денот на изборите и да гласаат против рускиот претседател Владимир Путин или да ги уништат нивните гласачки ливчиња. Навална во видеото на Јутјуб рече дека црпи надеж од големиот број луѓе кои се појавија минатата недела на погребот на нејзиниот сопруг, кој почина во арктичкиот затвор на 16 февруари. Неговиот гроб оттогаш е покриен со море од цвеќиња.
– Мора да го искористиме денот на изборите за да покажеме дека постоиме и дека нè има многу. Ние сме вистински, живи луѓе и сме против Путин. Мора да пристигнете на гласачкото место тој ден во исто време, на 17 март напладне, кажала Навална. Нејзиниот сопруг имал идеја дека демонстрантите на тој начин ќе го избегнат ризикот од апсење.