Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер денеска во 18.45 часот ќе го заврши својот настап во ракометната Лига на шампионите со гостувањето кај Колштад во Норвешка.
Тренерот на битолската екипа Бранислав Ангеловски ќе има на располагање „само“ 13 ракометари, за вечерашниот дуел не ги повика Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Денис Василев, Нејц Цехте, Богдан Радивојевиќ и Калифа Гедбан.
Составот на Еурофарм Пелистер: Лесјак, Ц. Кузмановски, Тајник, Пиеховски, Борзаш, Танкоски, Костески, Петровиќ, Пе. Атанасијевиќ, Ѓоргоевски, Сери, Па. Атанасијевиќ, Кизиќ.
Судии на натпреварот ќе бидат Ваидас Мазеинка и Миндаугас Гателис од Литванија, а ЕХФ делегат е Фредик Уд од Финска.
Ова гостување ќе биде последна шанса за играчите на Ангеловски сезонава да освои бод(ови). Од групата „А“ по 13 кола е познато дека Кил и Алборг се директно пласирани во четвртфиналето, а во плеј-офот ќе играат ПСЖ, Кјелце, Загреб и Пик Сегед. Колштад е претпоследен со девет бодови, а ниту еден Еурофарм Пелистер.