Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров убедливо поразени во првото четвртфинале на Европскиот куп

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров загубија на првиот четвртфинален меч од Европскиот Куп против Елче во Шпанија со убедливи 36:21. Високиот пораз им остава малку надежи на нашите ракометарки за реваншот следната недела.

Првото полувреме домашните ракометарки го добија со 14.10, но во вториот дел тотално доминираа и ја направија разликата за убедлива победа.

Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, а Анастасија Николовска постигна 4 гола.

Реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

Претходна вестВечерва се доделуваат Оскарите: Најмногу номинации за „Опенхајмер“ и „Сиромашни работи“
Следна вестВремето денес променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со дожд и силен ветер