Шпански „АС“ тврди: Димитриевски на лето во дресот на Валенсија

Трансфер на лето на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од Рајо Валјекано во Валенсија најави шпанскиот весник „АС“. Според овој медиум, наводно, македонскиот репрезентативен голман веќе се договорил и потпишал преддоговор со екипата на Валенсија.

„АС“ тврди дека Македонецот нема да добие нов договор од првиот човек на клубот Рајо Валјекано, што му ја отвора вратата за голем трансфер на лето.

Според сознанијата на весникот, Димитриевски дефинитивно се сели во Валенсија која планира да го продаде Мамардашвили за 30 милиони евра и да го доведе Димитриевски по истекот на договорот без оштета. Трансферот би бил официјализиран по завршувањето на сезоната, односно по истекот на договорот кој нашиот голман го има со Рајо.

Претходна вестБитолчанец осомничен дека силувал малолетно девојче, се бара притвор
Следна вестДоделени „Оскарите“, најдобар филм е „Опенхајмер“