Битолчанец осомничен дека силувал малолетно девојче, се бара притвор

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

-Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче, соопшти Јавното обвинителство

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Претходна вестСамо два маркети ли беа за затворање во бранот на поскапувања?
Следна вестШпански „АС“ тврди: Димитриевски на лето во дресот на Валенсија