Вашингтон стејт му врачи специјална благодарница на Јакимовски

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски на свечена церемонија доби специјална благодарност од Вашингтон стејт за сето она што го направи изминатите четири години за тимот. На оваа специјална вечер присуствуваше и неговата мајка и брат. Останува на Јакимовски да одлучи дали ќе продолжи уште една година или па својата кариера ќе ја гради во друг тим, можеби во Европа.

Екипата на Вашингтон стејт го заврши основниот дел од сезоната во НЦАА лигата, а со тоа заврши и „мандатот“ на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски во овој Универзитет.

На адресата на Јакимовски стигнаа бројни честитки, една од нив дојде од Клеј Томпсон, кој го нарече нашиот кошаркар легенда и го стави македонското знаме. Двајцата се познаваат веќе долго време, токму НБА легендата имаше влијание врз одлуката на Јакимовски да игра за тимот кој му врачи благодарница.

Претходна вестМитрополит Агатангел: МПЦ-ОА има целосна автокефалност со Томосот од СПЦ, Цариград нема право да одлучува од името на сите помесни цркви
Следна вестПовредени четворица малолетници, со „Пежо“ удриле во ѕид