Повредени четворица малолетници, со „Пежо“ удриле во ѕид

Четворица малолетници се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа во тетовско, соопшти полицијата.

МВР наведува дека синоќа во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Тетово, се наведува во соопштението.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Претходна вестВашингтон стејт му врачи специјална благодарница на Јакимовски
Следна вестИЈЗ: Нови 50 случаи на голема кашлица од 1 до 7 март