Кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во селото Велгошти, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Програмата предвидува полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, како и кратко обраќање на годинешниот добитник на наградата Дијана Петрова.
Беседа за Чинго ќе одржи Бранко Цветкоски, поет, литературен критичар, преведувач и новинар, по што ќе следува културно-уметничка програма со настап на квартетот „Струни“ и КУД „Филиграни“.