Почнува осмиот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, вечерва, со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“ во Кинотека. Околу 300 ученици од 12 земји, се разбира меѓу кои и Македонија, ќе одржат креативни работилници, а ќе презентираат и едукативни содржини, детски и младински филмови.
Најголем дел од програмата ќе се одвива онлајн, преку платформата „youth.mk“, а фестивалот ќе трае до 30 септември.
Според извршниот директор на „Џифони Македонија“, Дарко Башевски, овој фестивал веќе осум години е место каде што се презентираат актуелните филмови за деца и млади, но и место за дискусија за проблемите на младите, средби со познати личности и место за дружење на младите од целиот град, од целата земја и од десетина до 12 земји од Европа секоја година.