Спој на актери од 5 држави во „Револуција во живо“ на 30 септември

„Револуција во живо“ се нарекува најновиот проект на режисерката Теа Богоевска. Ќе биде промовиран онлајн, на 30 септември, а се работи за видео материјал со концептот на спојување на актери од пет различни држави, односно од Босна и Херцеговина, Македонија, Франција, Мексико и Турција.

Беговска вели овој проект е своевидно продолжување на нејзината претходна претстава „Контрола“, која се одржуваше во автобус.
-Идејната комплексност на овој проект бараше голема финансиска поддршка, бидејќи во проектот беше замислено да учествуваат само невработени артисти, а и самата организација бара сериозна финансиска поддршка која ја немаме. Не бев сигурна како и во која форма ќе го реализирам проектот. Ситуацијата со карантинот ме наведе да размислувам во друг правец, а сепак суштината некако да се задржи. Решив да исконтактирам мои блиски пријатели, актери ширум светот. Ги одбрав темите, а изборот за мене беше навистина тежок. Направив спој на актери кои сите сум ги запознала на различен начин, а нивната работа добро ја познавам, и за мене беше многу интересно што сите имаат различен актерски сензибилитет и пред се’ се многу сериозни и успешни актери. Тие меѓу себе не се познаваат, со сите работев индивидуално давајќи им една тема. Нивната задача беше на својата тема да направат видео со времетраење од пет минути. Ова беше голем предизвик во толку кратко време да се сублимираат толку сериозни теми како: љубов, верба, надеж, храброст и вистина, нагласува Беговска.

Претходна вестУчењето онлајн во Македонија е едукација, ама и отворена дискриминација на децата
Следна вестСонце со облаци и повремен дожд