Сонце со облаци и повремен дожд

Променливо облачно време со сончеви периоди, но и повремен дожд, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Ќе дува и умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд се очекува и на другите подрачја во земјава. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето

Претходна вестСпој на актери од 5 држави во „Револуција во живо“ на 30 септември
Следна вестСекој втор од 286 казнети возачи возел пребрзо во Скопје