Секој втор од 286 казнети возачи возел пребрзо во Скопје

Пребрзото возење и натаму е главна причина за казнувањето на возачите од страна на полицијата во интензивните контроли кои се спроведуваат деновиве. МВР денеска соопшти дека вчера биле санкционирани 286 возачи во Скопје.

-Од нив за пребрзо возење се казнети 150 возачи, за возење без возачка дозвола 13, за нерегистрирани возила 14, а имаше и 11 санкционирани мотоциклисти, 53 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 44 санкции за неносење на заштитна маска, се наведува во соопштението на МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштија од полицијата.

Претходна вестСонце со облаци и повремен дожд
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Само во Македонија во болница не примаат заболени од Ковид-19 оти биле „стари луѓе“