Од вечерва до 23 септември љубителите на уметноста ќе можат да го проследат мултимедијалниот настан на Весна Стефановска, насловен како „Во длабоко и танцувајте“ (In deep and dance). Се случува во Музејот на современа уметност во Скопје, а ќе бидат прикажани дела на авторката од 1998 година па наваму: инсталации во простор, видео инсталации, перформанс и „ready made“ содржини, групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“ (Absеnce), „Возови рефлексии“ (Train reflections), „Дојдете да видите како пoминува времето“, (Come and see the time go by), „Ничија“ (Nobody’s) и „Часовник“ (Timе piece).
Треба да се издвои премиерата на првата инсталација и перформанс од делото „В кревет“ (Bed time), кој претставува истражување на нашиот однос кон подсвеста и интимноста.
Во исто време, уметницата нуди две инсталации во јавен простор под наслов „Возови рефлексии“ (Train Reflexions) во Старата Железницка Станица и „Oтсуство“ (Absence) на друга локација во градот.Ова ќе биде втората самостојна изложба во земјава на Стефановска, по изложбата „Прозорец“ реализирана во 1997 година.