Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

На плоштадот „Делфина“ во 20 часот вечерва започнува традиционална манифестација „Карпошово културно лето“. Вечерва е најавен настапот на Национален џез оркестар, какои на Гудачки оркестар и Радио Бубамара со „Македонски музички времеплов – незаборвани евергрини“.

– Оваа културно-уметничка манифестација, ќе трае од 19-ти до 27-ми август. За оваа намена, општината издвои средства во висина од 2.500.000 денари. На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат национален џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов, рече градоначалникот Стевче Јакимовски.

Првиот човек на општината ги покани сите граѓани на Карпош и пошироко.

– Ги повикувам карпошани, како и граѓаните од другите општини, да присуствуваат на овие вечери, да се дружиме и забавуваме, малку да се релаксираме, рече градоначалникот.

Локалната самоуправа го насочи фокусот кон македонската културна сцена, каде во рамки на овогодинешното јубилејно 15-то  Карпошово културно лето, ќе настапуваат само домашни музичари, уметници и актери.

Претходна вестНа Шар Планина и албански и косовски државјани нелегално собираат боровинки
Следна вестОд денеска започнува со работа пливачкиот базен „Карпош“