Вечерва во Градскиот парк проекција на „Панкот не е мртов“

Како дел од богатата културна понуда во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 вечерва на локацијата кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк организираме филмска вечер на отворено со проекцијата на хитот “Панкот не е мртов”, соопшти Градот Скопје.

Филмот “Панкот не е мртов” од режисерот Владимир Блажевски ќе почне во 20 часот.

-Бесплатните кино проекции на отворено ја збогатија културната понуда во топлите летни вечери и го привлекоа вниманието на многу граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и уживаат со проекциите на  македонски филмови, наведуваат организаторите.

Претходна вестКостовски: Знаеме кој го изврши дивјаштвото во дворот на училиштето „Ацо Шопов“, барам казна
Следна вестЛевица: Споменикот на Св. Кирил и Методиј фрлен пред хотелот „Гранит“ во Охрид