Велешанец почина од пожар во својот дом

Лицето М.Ц. (58) од Велес трагично го загуби животот во пожар откако се запали и речиси до темел изгоре неговиот дом. Братот кој бил заедно со него во куќата на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија,, исто така бил задушен од јаглерод моноксид, но бил спасен по брзата интервенција на Брзата помош.

-Беше спречена поголема трагедија бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со Брзата интервенција на Службата за итна помош тој беше реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА доктор Тања Мишева од службата за Итна Помош.

Од ТППЕ Велес пак, велат дека тие пријава за пожар добиле во пет минути пред 4 часот утринава по што на терен биле пратени шест пожарникари и две возила, а пожарот успеале да го изгаснат по еден час.

Полицијата на увид била повикана во околу 5 часот. Екипи на СВР Велес од крим-техника и јавен обвинител направиле увид на настанот со цел да се утврдат причините за настанување на пожарот.

 

Претходна вестКулминира конфликтот во Бутел: Костовски ги брише маркичките за згради, Арсовска не ја менува трасата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта избра компанија за шиење гаќи да врши надзор на изградба на коридори