Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оддржа средба со пензионерите од Општина Тетово.
– Статистиката говори за жал многу лоши податоци, а тоа е дека околу 100.000 пензионери, граѓани на Република Македонија за жал живеат со под 20.000 пензија. Тоа ако видите во пресметките е под минималната плата и може да замислите како овие луѓе врзуваат крај со крај да го истераат месецот.
Велковски е категоричен дека идната влада мора да обезбеди повисоки пензии за пензионерите во Македонија со итна реализација веднаш по завршување на изборите на 8 мај, но пред се да има слух и разбирање за нивните барања.
– За жал од август 2023 година истите барања од страна на пензионерите се повторно на маса. Денес во Тетово го говоревме истото дека се потребни повисоки пензии, потребно е линеарно пресметување на пензиите и исполнување на другите барања коишто се 7-8 на број, права коишто им биле скратени низ овие години наназад. Ова беше потенцирано не само од иницијативниот одбор, туку и од сите пензионери присутни на денешната средба. Тие се луѓе кои што се со најголема толеранција, но притиснати од целата ситуација во Македонија, започнаа со протести за своите основни права, додава тој.