Велосипедист попладнево е прегазен на пешачки премин, во близина на „рампа“ во Кисела Вода, известува „Макфакс“. Возило „мзада“ со скопски регистерски ознаки удрило во велосипедостот кој ја поминувал улицата.
Очевидци тврдат дека со возило на итната помош велосипедистот и возачот на автомобилот се пренесени во болница.
„Маздата“ е со целосно искршена шофершајбна што укажува дека ударот бил силен.