Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје, возачот е приведен

Тешка сообраќајка со смртни последници во Скопје. Имено, шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во главниот град.

Од МВР соопштуваат дека, несреќата се случила вчера околу 11 часот на булеварот Никола Карев, кога во велосипедистот удрило комбе. Зад воланот бил 41-годишниот М.Н. кој е приведен и задржан во станица.

Велосипедистот загинал на лице место, велат од полицијата.

Извршен е увид, а телото дадено на обдукција.

Претходна вестПри претресите во „Идризово“ откриена поголема количина на недозволени предмети
Следна вестЗарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?