Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде кормилото во СДСМ, пренесуваат медиумите.

Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори на кои силите ги одмери со Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.

Денешните избори на кои победи Филипче следуваа по катастрофалниот пораз на СДСМ на парламентарните избори во мај, на кој освои само 18 пратеници и по седум години на власт замина во опозиција. Пратеничко столче доби и Венко Филипче

Претходна вестПолицијата трага по 17-годишно девојче
Следна вестПерински: Општините да спремаат проекти, јавен повик за 250 милиони евра за капитални инвестиции во септември