Италија ја заменува Бугарија како најевтина скијачка дестинација во Европа, покажуваат податоците од новата студија подготвена од британските туристички агенции, јави „ДПА“. Италијанскиот град Бардонекија ги надмина бугарските одморалишта Боровец и Банско, заземајќи го првото место во годишната анализа за односот помеѓу цената и квалитетот на скијачките одмори, изготвена од британски тур-оператори.
Цените во Бардонекија се зголемија за само 1,4% во споредба со минатата година, објави БНТ. Второто место го зазема Боровец (со пораст од 8,2%), а Банско на шестото место со пораст од 18,1%, што се должи на зголемените трошоци на школата за скијање.
Студијата ги спореди цените на ски картите, изнајмувањето опрема и обуката, како и цените на ручекот и пијалоците на патеките во 36 европски градови. Цените во девет од вкупно 31 европски зимски центар, кои исто така беа проучувани минатата година, се намалени.
Најголем пад на цените има во француски Ле Арк и швајцарскиот Венген, кои годинава се поевтини за 5,5%. Најскапиот ски-центар е Зермат во Швајцарија, каде цените се повеќе од двојно повисоки од оние во Бардонекија.