(Видео) Нова вулканска ерупција на Исланд

Вулкан повторно еруптираше во југозападниот дел на Исланд, по вторпат оваа година.

Тоа е шеста ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.

Видливи се светли портокалови стопени карпи, кои се исфрлаат од пукнатините во земјата.

Последната ерупција почна на 14 јануари и траеше два дена, а лавата стигна до предградијата на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители мораа да бидат евакуирани.

Претходна вестСтранските изборни консултанти и домашната политичка глупост
Следна вестАлександар Волкановски: Пиев секоја вечер пред борбата со Махачев, тоа не личеше на мене,