По повод Светскиот ден на милосрдието, овој викенд Хуманитарна организација “Свети Спас” ќе организира збирна акција на храна и хигиенски средства за социјално загрозените семејства ширум Македонија.
Локациите на кои волонтерите ќе ги очекуваат граѓаните кои сакаат да донираат се следниве:
САБОТА (07.09.) ОД 12.00 ЧАСОТ ДО 20.00 ЧАСОТ
- ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ
- ВЕРО ЏАМБО
- ТИНЕКС (ГОДИ РЕТАИЛ ПАРК)
- СУПЕРТИНЕКС НА ПРВОМАЈСКА
- ГИГО МАРКЕТ ВО ДРАЧЕВО
НЕДЕЛА (08.09.) ОД 12.00 ЧАСОТ ДО 20.00 ЧАСОТ
- ВЕРО ЏАМБО
За прв пат ќе има пунктови во Битола и Штип и тоа:
САБОТА (07.09.) ОД 12.00 ЧАСОТ ДО 20.00 ЧАСОТ
- ВЕРО МАРКЕТ (НОВА БИТОЛА)- БИТОЛА
- СТОКОМАК (СРЕМСКИ ФРИНТ) – ШТИП
– Се надеваме дека секој од нас ќе го покаже своето милосрдие и љубов кон ближните со скромна донација. Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие! – велат организаторите од „Свети Спас“.