Вирусот не дрма, бројот на починати во Македонија надмина 300, како ќе одговориме на тоа?

Корона вирусот ја дрма Македонија. Државата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 во еден ден. Пројот на починати пациенти расте, достигна до бројката 302 лица кои ја изгубија битката со вирусот.

Бројот на активни случаи во Македонија е голем и изнесува 3.557, од кои дури 2.007 се од Скопје. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, а досега оздравеа 2475 лица.

На сето ова мора да се одговори со поголема сериозност од самите граѓани кои треба да ги почитуваат основните мерки, но соодветен и силен одговор со поголема будност и координација треба да пристигне и од надлежните државни институции. Зарем се ќе се остави на површноста, зарем главниот фокусот и понатаму ќе биде само кон зборите?Македонија е црн лидер во регионот во врска со корона кризата.

Тоа се рефлектира и на економијата во земјата. Вчера, ЕУ објави список на 15 земји чии жители се сметаат за безбедни и ќе им биде дозволен влез во Унијата од денеска, а меѓу нив не е и Македонија.

Претходна вестПриведени шест лица по инцидентот и заканите врз докторката во ГОБ „8 Септември“
Следна вестЗа неносење маски казни за 412 граѓани