Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183, а има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во последното деноноќие во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број на лица сомнителни и потврдени со ковид изнесува 74. Најголем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка. Во ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 10 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 25 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.
Според дневниот извештај од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти.