Влада: Со реформите придонесовме кон повисока професионализација на полицијата

Денеска го одбележуваме Денот на македонската полиција – 7 Мај. Со реализација на процесот на реформи придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.

– Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС) што ќе придонесе за понатамошно имплементирање на европските стандарди во граничното управување, објавија на фејсбук од Владата на Република Северна Македонија.

Претходна вестПендаровски со честитка за Денот на македонската полиција
Следна вестТИРЗ: Зголемен бројот на вработени во април, зголемен и извозот