Владата го купува мирот: Дозволија бесплатни патни листови, возачки и сообраќајни дозволи….

По многуте проблеми кои настанаа од ултимативното менување на личните документи во Македонија, власта како да сака малку да се оправда пред нервозните граѓани со давање на бенефиции. Имено, денеска Владата донесе одлука за парични олеснувања за лицата кои ќе исполнуваат наметнати обврски.

– МНР треба да преземе активности и надоместот на издавањето на патни листови за сите граѓани, кои што живеат надвор од територијата на Македонија и имаат потреба да се вратат, за да извадат патни исправи, да биде нула денари, истакна денеска вицепремиерот, Фатмир Битиќи.

Тој посочи и дека согласно владина одлука, и промената на возачките дозволи до крајот на годината ќе биде исто така бесплатна, на трошок на државата.

Владата го задолжи МВР од утре да ги издава возачките дозволи со новото име на државата и тоа да биде на нивен трошок.

Што со тие кои до сега извадија документи и си ги платија, беше кажано дека „Искрено се дискриминирани, оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднееле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани“.

Претходна вестПендаровски не го потпиша Законот за игри на среќа
Следна вестГрција се вклучува во проектот брза пруга Будимпешта-Белград-Скопје-Солун што е историска победа за Западен Балкан